Едукативниот центар Арс Ламина настанува како заокружување на една целина, поврзувајќи ја учебникарската издавачка дејност на Арс Ламина и здружението на наставници – Дидакта Нова во коешто членуваат врвни практичари, искусни наставници и педагози, кои работат според најсовремените методи во наставата.
За да може да стане нивното знаење подостапно до младите генерации, нашиот едукативен центар се погрижи да ги обезбеди најсовремените нагледни средства кои се користат во наставата. Со употреба на Smart таблата се поедноставува преносот на знаења и се приближува контактот наставник-ученик, а бројните дидактички материјали ја поттикнуваат логиката кај учениците во пониските одделенија.
Целта на постоењето на едукативниот центар е да ги подигне стандардите во образованието, нудејќи современ начин на стекнување знаења.